Меѓу нив постои магнетски спој: Најжешките парови во хороскопот

Ако сте подготвени во наредниот период да се вљубите, послушајте ги советите на астролозите и дознајте со кој знак врската ќе ви биде најжешка.

Стрелец и Близнаци

Овие два знака се привлекуваат на сите полиња. Физички се како створени еден за друг. Обожаваат долги разговори. Близнакот е малку површен и сака да оговара, Стрелецот е чесен и темелен. Близнакот е секогаш подготвен за акција, а Стрелецот тешко ќе го натерата да ја промени рутината, но сепак, тие се створение ден за друг.

Бик и Шкорпија

Според астролозите, Бикот никој не може толку сексуално да го привлече како Шкорпијата. Ако се спојат, можат со денови да бидат затворени во спалната соба. Сѐ во врската ќе им делува фатално. Сепак, кога ќе излезат меѓу пријателите, ќе се види колку се разликуваат. Шкорпијата е пребрза за Бикот, а Бикот премногу пасивен за Шкорпијата. Ако се подготвени на промени, врската сигурно ќе им успее.

Јарец и Рак

Овие два знака совршено се надополнууваат. Ладниот Јарец не може да одолее на емотивните изливи на Ракот. Во спалната соба одлично функционираат, надополнувајќи се. Сепак, ако Ракот премногу „лелека“ и почне да се жали дека Јарецот го игнорира, врската лесно може да заврши. Ако најдат заеднички јазик, можат да останат заедно со години.

Вага и Овен

Овнот, така необичен и полн со енергија лесно може да падне на шармот на префинетата Вага. Тие се толку различни што функционираат совршено, барем на почетокот на врската. Сепак, доследноста на Вагата може на Овнот многу брзо да му стане досадна. Ако Вагата малку попушти може да ужива во најдобрата врска во својот живот.

Риби и Девица

На Рибите сѐ им е лесно во животот. Тие се родени за доза оптимизам и нив ништо не може да им го расипе расположението. Девицата сака работа, ред и дисциплина. Ако се сретне со Риба може да отстапи од своите правила, макар на почетокот на врската. Ќе биде совршена врска, која може да потрае ако се најде компромис.

Лав и Водолија

Водолијата не признава авторитети, а Лавот живее за да владее и командува. Меѓутоа, ако во својот војнички поредок ја пушти да влезе уметничката Водолија, неговото владеење е готово. Водолијата ќе го запознае со магијата на слободното однесување. Совршена авантура.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.06.2020 - 22:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега