Меланија во одбрана на своето дете: Лута на професорката, затоа што го споменала нејзиниот син

Првата дама на САД, Меланија Трамп ја опомена професорката која направила шега на сметка на името на нивниот син Барон.

Професорката од Универзитетот Станфорд Карлан за време на сослушувањето ја истакнала разликата меѓу монархијата и демократската влада која го споменала синот на Трамп правејќи шега за разликата меѓу претседателите и кралевите, пренесува Си-Ен-Ен.

„Претседателот може својот син да го нарече Барон, но не може да го прогласи како барон“, рекла Карлан.

На тоа реагирала Меланија Трамп која на професорката ѝ порачала дека треба да се срами од таквото однесување.

„Малолетно дете заслужува приватност и треба да биде надвор од политиката. Памела Карлан треба да Ви биде срам  од вашиот бес и очигледно пристрасно изјаснување и користење на дете“, напишала Меланија Трамп на Твитер.

Малку подоцна Карлан се извинила и рекла дека погрешила.

„Би сакала и претседателот да се извини за работите кои ги правел и кои се погрешни, но јас жалам што тоа го кажав“, рекла Карлан.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2019 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега