Менталното здравје на Доналд Трамп го анализирале 27 психијатри - ова се нивните заклучоци.

Докторката Бенди Ли, од универзиетот Јејл, собрала 27 ренимирани експерти од областа на психијатријата, а секој од нив имал една задача - да го анализира менталното здравје на Доналд Трамп, претседателот на САД.

Нивните анализи се објавени во книгата „Опасниот случај Доналд Трамп“. Многу психијатри одбиле затоа што сметале дека не е етички да се пишува за јавните личности, така ги плашат нивните приврзаници, а се плашеле и дека ќе ги изгубат клиентите кои го поддржуваат Трамп.

Сепак, некои виделе интерес во тоа јавноста да дознае повеќе информации за менталното здравје на претседателот, затоа што тоа се однесува на цела нација.

Докторот Филип Зимбардо го анализирал екстремниот хедонизам на Трамп, ориентираноста на сегашниот момент. Трамп не сака да слуша негативни информации за себе и се опкружува строго со луѓе кои му кажуваат „се најдобро“ и не му се спротиставуваат. Докторот Роберт Џеј Лифтон смета дека Трамп живее во „сопствена, изместена“ реалност и дека е неспособен да се носи со криза, како ни да одговори на критки.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2019 - 20:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега