Мерц в среда на видео консултации со Трамп и Зеленски

 

Германскиот канцелар Фридрих Мерц планира во среда да се консултира со американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери за војната во Украина, соопшти денеска владата во Берлин.

Портпаролот на германската Влада за ДПА изјави дека консултациите ќе се изведат преку видеоконференција.

Разговорите треба да се одржат пред најавената средба на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин, во петок на Алјаска, за завршување на војната во Украина.

-Пред консултациите со Трамп и потпретседателот на САД Џ. Д. Венс, планирана е виртуелна средба меѓу Мерц, Зеленски и лидерите на Франција, Обединетото Кралство, Италија, Полска и Финска, изјави портпаролот.

Се очекува претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и генералниот секретар на НАТО Марк Руте да се приклучат на конференциската врска.

11.08.2025 - 22:36

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега