Меркел: Не знаеме дали Бугарија и Македонија ќе се договорат навреме

Германската канцеларка Ангела Меркел вечерва истакна дека се соочуваат со потешкотии да овозможат одржување на меѓувладината конференција на ЕУ со Македонија. Вели дека не знае дали ќе има време тоа да се случи до крајот на германското претседателство со ЕУ, бидејќи Бугарија и Македонија треба да се договорат.

-Посветивме големо внимание на Западен Балкан. Берлинскиот процес се покажа како добра иницијатива што дава резултати. Но, имаме потешкотии да овозможиме да се одржи меѓувладината конференција со Северна Македонија. Албанија направи голем напредок, но во случајот со Северна Македонија е прашање дали ќе успееме навреме, бидејќи има потреба од разговори меѓу Бугарија и Северна Македонија, како што сите знаат, кажа Меркел во говорот на денешната видеоконференција со пратеници од цела Европа, објавен на нејзиниот официјален веб сајт.

Следниот состанок на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ ќе се одржи на 7 декември, кога треба да се донесе одлука околу почетокот на пристапните преговори со Македонија и Албанија. На претходниот состанок на министрите, Бугарија стави вето на преговарачката рамка за Македонија, бидејќи останатите земји членки не се согласија нејзините барања да влезат во рамката. Германското претседателство завршува на крајот од годината.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.11.2020 - 21:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега