Меркел по вторпат негативна, но останува во карантин

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска по вторпат беше негативна на коронавирус, но лекарите одлучиле да остане во карантин, најмалку до почетокот на следната недела.

-Германската канцеларка и натаму работи од домашниот карантин и најдоцна до почетокот на следната недела уште еднаш ќе се тестира на коронавирус, изјави портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт.

Од германската владата соопштија дека Меркел своите обврски ги извршува од дома.

Утре канцеларката треба да учествува на две видеоконференции, прво со претседателите на државите и владите на земјите од групата Г-20, а потоа и со лидерите на земјите-членки на ЕУ.

Тема и на двете средби ќе биде борбата против пандемијата од коорнавирусот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.03.2020 - 19:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега