Метеоролозите најавуваат пороен дожд и грмотевици

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне променливо и нестабилно облачно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=7  Т-мин. од 8 до 14 а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од  22 до 27 степени.

Скопје Сончево со мала до умерена облачност, попладне променливо и нестабилно облачно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. 

Температурите од 13 / 27 степени.

 

До вторник во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Само во сабота ќе има преодно стабилизирање со сончево време преку целиот ден. За време на викендот ќе биде потопло, а во почетокот на наредната недела повторно ќе има благ пад на температурата.

 
 
09.06.2016 - 18:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега