Метеоролозите предупредуваат: Македонија ќе биде зафатена од нов влажен бран- следи невреме

За време на овој викенд нашата територија ќе биде зафатена од нова влажна и нестабилна воздушна маса, која особено во попладневните и во вечерните часови на повеќе места ќе услови пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопштува метеорологот Славчо Попоски.

Локално, особено утре процесите ќе бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме проследено со пообилен пороен дожд (над 10 л/м2 за кратко време), силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Нестабилно време со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе се задржи и на почетокот од следната недела.

Максималните температури, утре ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени, додека мал пад ќе бележат во недела кога ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2020 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега