Метеоролозите со детална анализа: Подгответе се за нов студен бран

До крајот на денов, времето во државава ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд на ниските, додека на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег, најавува метеорологот Славчо Попоски.

Повеќе застапени врнежите ќе бидат во попладневните и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, истиот повремено и тоа особено на север и долж Повардарието ќе засилува. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени.

 

Доцна попладне и навечер од север ќе започне да се проширува заладување со што врнежите од дожд во текот на ноќта се очекува да преминуваат во врнежи од снег и на некои пониски места. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно, особено попладне и навечер ќе има услови за повремен локален дожд. Во текот на ноќта ќе има услови и за локално провејување на снег.

Во среда пак ќе има поинтензивни врнежи кој ќе бидат претежно од снег. Повремено ќе има услови и за врнежи од дожд и снег а ќе дува и северен ветер кој ќе засилува повремено.

Денес максималната дневна температура во Скопје се очекува да се искачи до околу 13, утре до околу 3 до 4 степени. Утре врнежите ќе бидат поинтензивни и на повеќе места ќе бидат од снег со што се очекува и формирање на снежна покривка. Позначителна снежна покривка се очекува да се формира на повисоките места и на планините како и на некои пониски места, особено во јужните и западните предели. Максималните дневни температури на воздухот утре ќе се искачуваат во интервалот само од -1 до 7 степени во најтоплите предели.

Исто така ќе дува северен ветер кој повремено ќе биде и засилен. Потоа во четврток се очекува стабилизирање на времето, сепак утрата ќе бидат многу постудени со минимални температури кој на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 2 степени. На високите места и на планините ќе биде уште постудено, максималните дневни температури пак ќе бележат тенденција на постепен пораст.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2020 - 08:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега