Метеоролозите со нови најави: Циклон доаѓа кон Македонија, со себе носи снег и дожд

Во текот на претпладнево во државава времето ќе биде претежно сончево и релативно топло, во попладневните часови се очекува локално зголемување на облачноста, информира метеорологот Славчо Попоски.

Ќе има услови и за локален краткотраен дожд а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени.

Во Скопје и околината претпладнево ќе биде сончево, попладне локално ќе има повеќе облачност кога ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 16 степени.

Потоа во текот на утрешниот ден облачноста насекаде ќе се зголемува и особено попладне и навечер ќе има повремени локални врнежи од дожд, на планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено долж Повардарието повремено ќе засилува. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

Во среда нашата држава ќе биде под влијание на нов циклон, а во исто време од север ќе се спушта многу постуден воздух. Поради ова ќе имаме врнежи од дожд на ниските, на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег каде се очекува формирање на нова снежна покривка. Повремени врнежи од снег во среда ќе има понекаде и на пониските места каде е можно формирање на потенка снежна покривка. Сето ова ќе биде проследено и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Максималните дневни температури во среда ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 9 степени во најтоплите предели од државава. Особено студено утро ќе имаме во четврток кога минималните температури ќе се спшуштаат во интервалот од -7 до 2 степени, на високите места и на планините ќе биде уште постудено а во исто време на повеќе места ќе настапи и намалување на облачноста.

Поради ваквата ситуација постои опасност и од појава на мраз, токму поради ова земјоделците со време да ги заштитат своите земјоделски култури и посеви.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега