Метод на д-р Гејл: Ослободете се од стресот и негативните емоции со овие 7 едноставни чекори

Оваа едноставна техника може веднаш да ја спроведете, а истата ќе ви донесе благосостојба.

Стресот е причина за многубројни болести, нагласуваат лекарите. Собирањето негативна енергија остава последици на нашето тело.

Стресот може да го избегнеме, но може да научиме и да го контролираме.

Овие 7 едноставни чекори од д-р Гејл Салц навистина даваат резултати:

1. Направете листа на работи на кои што сте благодарни

Кога ве совладува стресот и анксиозноста, сетете се на сите други работи на кои што сте благодарни. Иако звучи лудо, покажувањето благодарност за најмалите работи, како топла шолја чај или сончев ден може да ви го поправи расположението.

2. Одморете се

Според едно истражување објавено во 2017-та година во списанието „Nature Reviews Neuroscience“, оние кои што не спијат доволно ги реактивираат емоционалните негативни стимуланси, во однос на луѓето кои се добро одморени.

3. Набавете си домашен миленик

Според истражувањето на клиниката во Кливленд, само галењето со животните може да го зголеми нивото на серотонинот и допаминот. Во експериментот во кој што учествувале 2.000 сопственици на домашни миленичиња, заклучено било дека 74 отсто од нив доживеале подобрување на менталното здравје.

4. Медитирање

Медитацијата докажано е добра за случаите на анксиозност и депресија, затоа кога ќе се чувствувате лошо издвојте 10 до 15 минути и фокусирајте се на вашето тело и ум.

5. Поминувајте повеќе време во природа

Поминувањето време во природа поволно влијае на нивото на стрес. Според истражувањето во „International Journal of Environmental Health Research“, дури и 20 минути поминати во природа прават чуда за вашето ментално здравје.

6. Вежбајте

Физичката активност докажано го намалува нивото на стрес и го поттикнува производството на серотонинот. Потребно е да издвоите 30 минути, 3 пати неделно.

7. Бидете опкружени со луѓе кои ви се драги

Луѓето кои што ви се драги и ви будат убави емоции, ви ја зголемуваат и самодовербата. Кога се чувствувате под стрес, бидете со вашите пријатели и разговарајте со нив. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2021 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега