Миа Калифа по втор пат се разведува- Најпознатата ѕвезда на филмовите за возрасни повторно „сингл“
Ѕвездата на филмовите за возрасни, поранешната порно актерка Миа Калифа (28) одново е сингл, односно се разведува од сопругот по две години брак.
Актерката ја објави оваа вест на Инстаграм, наведувајќи дека не станува збор само за еден проблем, како и дека таа и сега веќе поранешен сопруг, останале во добри односи.
View this post on Instagram
„Можеме самоуверено да кажеме дека се обидовме сè за да успее нашиот брак, но по речиси една година терапија и работа на тоа, раскинуваме, знаејќи дека секогаш ќе бидеме пријатели и дека навистина дадовме се од себе. Секогаш ќе се сакаме и почитуваме, бидејќи знаеме дека не само еден внатрешен проблем е причина за нашето раскинување, туку кулминација на нерешените, клучни разлики за кои не можеме да се обвинуваме едни со други“ – напиша Миа.
“Го затвораме ова поглавје без жалење и двајцата започнуваме одново, одделно, но нè обврзува неверојатно семејство, пријатели и љубов кон нашите кучиња. Ова требаше да се случи многу одамна, но ние сме среќни што поминавме време заедно и го направивме тоа најдобро, и можеме да кажеме дека дадовме сè од себе “, додаде таа во изјавата.
View this post on Instagram
Ова беше втор брак на порно sвездата, бидејќи нејзиниот прв сопруг и беше љубов од средно училиште, со кого исто така беше во брак само две години.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа