Мицевски: Каде е оставката од Филипче, дали воопшто е поднесена или ова е само една игра на власта?

 

 

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на собраниска говорница праша дали е навистина поднесена оставка од Филипче, или, пак, тоа е уште една игра на власта.

„Ние оставки немаме видено.Уставот во Член 219 вели дека член на Влада има право да поднесе оставка и оставката е поднесена, ние оставката ја имаме како што е поднесена, кое е сега тоа да го цитира дали оставката е поднесена или не премиерот на Владата Заев којшто треба да ја испрати оставката во Собранието. 

Собранието кога ќе добие оставката почнуваат вашите процедури, а вие официјално немате добиено никаква оставка, кога ќе ја добиеме оставката, каде е таа, патува од Валда, чекаме да видиме дали ќе биде прифатена. Министерот сака од морални причини да си поднесе оставка, дали вие му ја оспорувате или целото ова е одредена игра којашто треба да се случи во самото Собрание.
Во Член 219 од  Деловникот , оставка од член на Влада до претседателот на Собранието се поднесува од претседателот на Владата, став 3, а став 1 претседател на Влада или член на Влада можат да поднесат оставка. Продолжува во Член 220, Собранието на прва наредна седница ја констатира без претрес оваа одлука . И сега каде е оставката има ли воопшто оставка,  да не се лажеме самите себе, слушаме директор, економски директор поднеле оставка, дали тие оставки се поднесени? Дали директорот и заменик директорот доставиле оставки до  министерот сеуште актуелен и дали заменик министерот и министерот доставиле оставки до Влада?
Точно во Деловникот во Член 220 пишува дека на наредна седница се доставува од претседателот на Владата, сега вие се лутите зашто вас ве повикуваат и на совеста ваша, затоа што се ставате да браните нешто кое не е ваше, премиерот на Владата треба да достави. Вие материјалот на Пратеничката група кој ви е уредно доставен за одлуката којашто ја слушаме од медиумите не ја ставате како точка на гласање.

Вие не може вака да се однесувате со ваква една сериозна тема и преседанот којшто вие сега го правите е лош, затоа што за истото имало практика уште во 2013 година да се бара оставка, односно одлука за разрешување на носител на јавна функција.

14.09.2021 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега