Мицевски: Пратениците од СДСМ го оправдаа однесувањето на Џафери

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски изјави дека од денеска собранискиот Етичкиот кодекс не постои и оти со гласањето „против“ дневниот ред на Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања пратениците од СДСМ го оправдале однесувањето на претседателот на Собранието Талат Џафери и односот кон администрацијата кој што го слушна целата македонска јавност.

-Ова што денеска го доживеа администрацијата и на денот кога се случи, тоа што се направи со заклучувањето на пратениците е нешто што се случува во секоја институција во целата држава, секој ден. Омаловажувањата, понижувањата, мобингот, непочитувањето е нешто што на дневна основа го доживуваат сите граѓани на државата, без разлика на верска, етничка или која било припадност. Вака функционира двоецот, СДСМ и ДУИ, рече Мицевски.

Според него, тие секогаш бегаат од одговорност, но одговорност ќе има и тоа пред граѓаните.

Мицевски повторно повика граѓаните да им се придружат на протестот на 18 јуни и рече дека тоа ќе биде почетокот на крајот на оваа аздисана власт и безредие кое владее. 

06.06.2022 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега