Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во кршење на Деловникот на Собранието, Верификационата собраниска комисија нема мандат за работа

Никола Мицевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија на денешната собраниска седница нагласи дека е недозволиво непочитувањето на забелешките од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за кршење на Деловникот на Собранието од страна на пратениците на СДСМ и коалицијата, укажувајќи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува како на оваа седницата, така и на седниците за верификација на мандати.

Очигледно забелешките процедурално од страна на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не допреа до вас и констатацијата дека и порано се правело вака не дозволува понатамошно кршење на Деловникот. Од тие причини јасно ви укажавме и покажавме согласно Деловник дека Верификационата комисија престанала да постои после првата конститутивна седница, вашите недокажани објаснувања не ви даваат за право да веруваме дека ќе ги почитувате забелешките и она што деловнички е предвидено согласно Деловникот за работа на Собранието  и од таа причина пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во понатамошниот тек на и на оваа седницата и на седниците за верификација на мандати нема да учествува, вели Мицевски.

Ќе ве оставиме веќе кога не примате една добронамерна деловничка сугестија да крајно неделовнички ги завршите верификацијата на мандатите на останатите пратеници кои што ќе следуваат понатаму, па како сте почнале така и да вршите со верификација на мандатите на другите пратеници, а она што го кажуваме како забелешка ќе остане во наредниот период да се разгледа и да се спори од страна на експерти и други институции, додаде тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.08.2020 - 17:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега