Мицкоски: Ако само еден ја изневери мојата доверба, јас заминувам од политиката

 

Христијан Мицкоски вечерва на обраќање во Кичево кажа дека доколку еден пратеник ја изневери довербата и гласа за уставните измени, тогаш тој засекогаш ќе замине од политиката.

„Пред нецела година јас кажав дека доколку само еден (н.з. пратеник) ја изневери мојата доверба, вашата доверба, довербата на граѓаните, јас заминувам од политиката. Денеска ќе го слушнете Ковачевски и Владата кои велат дека јас се борам за мојата фотелја во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Јас бев единствениот кој кажа дека доколку еден ја изневери мојата доверба, јас заминувам. И сега кој се бори за фотелјата?“, рече Мицкоски.

22.08.2023 - 20:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега