Мицкоски бара извинување од Спасовски за приведувањето на активистот: Стефан е чесно и мирно дете

Приведениот Стефан е чесно и мирно дете, а од Спасовски очекувам да го казни дивјакот кој примени сила како и да се извинат за настанот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во „Што не е јасно“ на Алфа, говорејќи за денешниот протест кај Мавровка, каде полицијата приведе недолжно момче.

 

- Стефан е исклучително храбро и чесно момче, кој денеска беше за жал жртва на фрустрацијата на еден припадник на министерството за внатрешни работи кој применил и сила. За тоа имаме и медицински извештај кој ќе биде даден на увид на јавноста, рече Мицкоски.

Тој вели дека очекува  од страна на министерот и командирот на полициската станица овој дивјак да биде најстрого санкциониран.

 - Ако мисли дека значката на МВР и оружјето што го носи на реверот му дозволуваат да применува сила, тогаш ваквите дивјаци не им е место во МВР, потенцираше Мицкоски

 

08.06.2021 - 19:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега