Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на #COVID, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во приватен и во државен сектор, напиша во својот фејсбук статус претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој потсети на вчерашниот негов предлог кој се однесуваше на ослободување од работни обврски на хронично болните чие здравје е под ризик.

„Бројот на починати и на заразени на дневна основа кажува колку е алармантна состојбата, затоа мора бремените жени да ги заштитиме од овој ризик. Наместо политиканство на Владата, мешетарење и нарачани теми потребни се одлуки. Да спасиме живот!“ – заклучи Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2020 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега