Мицкоски: Денес расте цената на бензините, а ќе расте и цената на струјата

„Ветија раст на економијата од 5% процентно секоја година, а просекот во овие 52 месеци е четири пати помал, скромни 1.25%. за овие 52 месеци секое семејство во Македонија го задолжија за 4.500 евра. Секое семејство во Македонија изминативе 52 месеци плати точно 4.500 евра за да може да трае политичката кариера на Зоран Заев“, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Струмица.

Мицкоски додаде дека Заев за да може да краде и да ужива во луксузот секое семејство во Македонија го задолжи по 4.500 евра.

„Каква е реалноста? Повисоки цени, кои што го јадат семејниот буџет. Половина милион луѓе живеат со 150 денари на ден. Зголемени цени на маслото за јадење, млекото, брашното, а од денес повторно по којзнае кој пат се покачи и цената на бензинот“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека се најавува сигурно и покачување на цената на струјата, а тоа тој го говори веќе и подолго време. Најпрвин ќе се покачи за стопанството, а потоа и за граѓаните.

„Платите за жал не се доволни за подмирување на основните потреби. А, тие онака надмено во нивен стил велат дека биле најдобри“, рече Мицкоски.

04.10.2021 - 21:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега