Мицкоски: Дигитализација на учебниците не е PDF форма
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека дигитализацијата не претставува PDF формат на учебник туку мултимедијална интеракција со компјутерот.
-И ние го имавме тоа предвидено во програмата, но ги имавме предвидено и учебниците, оние ученици што не можат од определени причини, не само поради недостаток на хардвер или компјутер, можеби поради здравствени причини некое дете не може да седи пред компјутер и да помине осум часа и на тој начин да ја следи наставата и да се надградува, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Вели, развојот на моториката на децата е со читање на книга и со пишување.
-Тоа се моменти кои овие политичари, за жал водејќи се од провизии и квази реформи, ги забораваат. И она што е најсуштински проблем за нас кај овие политичари, е тоа што не прават суштинска анализа, туку носат политика, па потоа ги гледаат негативните последици од истата, рече Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа