Мицкоски до Шилегов: Град Загреб платил двојно пониска цена за противпожарно возило со скала од Град Скопје

Зошто му требаа сите овие истурени тешки зборови на градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов врз мене? Затоа што е фатен 100:0 со рацете во медот, му врати лидерот на ВМРО- ДПМНЕ на градоначалникот на Скопје, Шилегов.

„На страна емотивните излети на Шилегов, ајде малку за фактите.

Зошто невешто се обидува да ја манипулира македонската јавност и скопјани? ..., хммм . Знам, еве зошто, на пример моето европско Скопје, сакав како европски Загреб да купи од истиот производител скала со иста должина, обесена на иста каросерија како на пример во европскиот Загреб (слика 1, 2 и 3). Се прашувате која е разликата?

Паааа вака, покрај тоа што Загреб е речиси двојно поголем од Скопје, градот убав наш со Шилегов ја платил нашата противпожарна скала за двојно повеќе од Загреб. Се извинувам ние скопјани ја плативме, истото возило, а некој друг одлучи за поскапа нарачка. Ама очигледно имаме се, но криза немаме, па така градската администрација во Загреб ја платила противпожарната скала со целосна дополнителна опрема за помалку од 800.000 € (https://ted.europa.eu/udl... ), но ние затоа ќе платиме повеќе од двојно, дури 1.700.000€.

Ќе биде градот убав, нашето Скопје европско, ама прво ќе го ослободиме од нашиот сегашен и уште за кратко градоначалник Петре Шилегов, а потоа ќе го направиме вистинска европска метропола.

Крајот Ви се ближи, криминалците ќе одговараат за секоја кражба и секое расфрлање со народни пари.“ напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.

Препирањто на социјалните мрежи настана откако Мицкоски ја искритикува власта за застарената противпожарна опрема, а Шилегов порача дека вршат обука на персоналот и  технички прием на противпожарната скала,додека Мицкоски оди во Будимпешта по инструкции.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.05.2021 - 09:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега