Мицкоски: Државниот буџет се крои во партиски штаб

На денешната прес-конференција, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека на стопанството му е потребна вистинска финансиска инекција и здрави чекор кои ќе доведат до поддршка која ќе грантира опстојување на компаниите и заштита на стандардот на граѓаните.

Тој вели дека со економскиот тим на партијата и стратешките соработници ги анализирале мерките кои ги предложи лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

– Можам да кажам дека сме вистински загрижени, дека и нема вистински план, а стандардот на државата и граѓаните е пред вистински колапс. Дополнително загрижувачки е тоа што Државниот буџет се крои во партиски штаб и се одлучува за нашите, вашите пари, а потоа и се наложува на Владата што треба да прави. – изјави Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.03.2020 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега