Мицкоски е оптимист: Народот го заслужува датумот за почеток на преговорите со ЕУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека е оптимист за почнувањето на преговорите со Европската унија.

-Сакам да се случи. И овој народ го заслужува тој датум. И овој народ го заслужува тој почеток. И не е прашање дали Димитров ќе биде секундант и ќе ги брои неделите и месеците и кога ќе се случи тој датум. Во Брисел треба да се состане Европскиот совет, да се заборави кои доаѓаат од нашиот источен сосед и иднината којашто треба заеднички да ја градиме во Европа, да ја градиме, а не да се враќаме два века наназад, рече Мицкоски.

Вели дека не ги разбира овие европски вредности.

-Ако се овие европски вредности, јас навистина сум шокиран. Но знам дека не се тие европски вредности. Знам дека сите членки на ЕУ овој пат ќе ја вразумат соседна Бугарија и ќе ги промовираат оние вистински европски вредноси на кои е создадена ЕУ. Односно, вредностите коишто своевремено ги имаат промовирано Аденауер, Шуман и Дегаспер. Тоа се вредностите на обединетите  подеднакво развиена Европа, вели Мицкоски.

 

18.11.2021 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега