Мицкоски: Единствената порака на Заев е да не се крева паника во состојба кога имаме бројки кои покажуваат катастрофа

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку Фејсбук ја обвини Владата на премиерот Зоран Заев дека не превзема ништо за да ги спаси животите на заразените со коронавирус.

-За Владата на Заев, Франција и Германија кои превземаа поинтензивни мерки и протоколи за превенција од #COVID заразата прават грешка и се ретроградни, затоа што нашата Влада не превзема ништо за да спаси животи. Болните со хронични болести сѐ уште задолжително одат на работа, ако не ги убие короната, тука е загадениот воздух кој по 4 години Влада на Заев сѐ уште не е алпски чист како што ветуваа. Го нема ајрото, напиша Мицкоски на ФБ.

Според него, единствената порака на Заев е да не се крева паника во момент кога бројките покажуваат катастрофа.

-862 новозаразени и 14 починати. Што направи Владата? Владата не прави ништо, парада, се занимава со опозицијата, се дави во својата неспособност, напиша Мицкоски.

За Владата на Заев, Франција и Германија кои превземаа поинтензивни мерки и протоколи за превенција од #COVID заразата...

Posted by Hristijan Mickoski on Thursday, 29 October 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.10.2020 - 20:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега