Мицкоски: Ги повикувам малите партии да ја напуштат коалицијата на Заев за да си го спасат достоинството

Малите партии час поскоро да ја напуштат коалицијата на Заев за да не си го газат своето достоинство, орача денеска во Штип опозицискиот лидер Христијан Мицкоски.
Коментирајќи ја одлуката на владата да даде негативно мислење за предлогот за една изборна единица и отворени листи, Мицкоски вели дека менувањето на ставови од страна на Заев не го изненадува.
Тој вели дека Заев постојано ги лаже малите коалициони партии и на тој начин го гази нивното достоинство. Смета дека тие треба да ја напуштат неговата коалиција
“Малите партии треба час поскоро да ја напуштат таа коалиција ако сакаат да си го зачуваат достоинството“ – рече Мицкоски при посетата на Штип.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2021 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега