Мицкоски ги соопшти членовите на новиот состав на Извршниот комитет - Јанушев се повлекува

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски  на на прес-конференцијата по седницата на Централниот комитет предложил свикување на вонреден конгрес, на кој би се извршила промена на раководниот состав на партијата, но неговиот предлог бил одбиен.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ како што рече, за разлика од Зоран Заев, самиот предложил вонреден конгрес.

„Јас на сопствено барање поденсов предлог за вонреден конгерс на кој би се извршила промена на раководствот, но Централниот комитет го одби мојот предлог“ – рече Мицкоски по завршувањето на седницата на Централниот комитет.

„Предложив нов состав на ИК, кој го очинуваат: потпретседателите Александар Николоски и Владимир Мисајловски, членот Иван Иванов поранешен пратеник од последниот би рекол пратенички состав пред да биде формиран новиот, како и членовите кои по функција се дел од ИК согласно Статутот, Претседателот на УМС младиот Сергеј Попов и координаторот на Пратеничката група Никола Мицевски. 

Остантите членови на ИК се :

М-р Гордана Димитриевска Кочовска, Д-р Рашела Мизрахи, м-р Стефан Андоновски, м-р Марија Андоновска, д-р и пратеник во Собранието Олга Лазановска, д-р Дафина Стојановска, проф д-р Вело Маркоски, проф д-р Трајко Слвески, Владимир Ѓорчев,  полковник Кирил Пецаков, Коце Трајановски , д-р Кирил Пецаков и Антонио Милошовски

Поради лични причини се повлече досегашниот генерален секретар Игор Јанушев. Ја користам оваа прилика да му се заблагодарам за неговата работа, тој продолжува да придонесува и помага во ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ е столбот на државноста на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ  е кичмата на македонизмот. ВМРО-ДПМНЕ  има една единствена цел, а тоа е победа над мафијата. Јас сум сигурен дека тоа нема да биде Едноставно.

Имаме работа со мафија. Мафија којашто уценува. Којашто притиска. Тепа неистомисленици. Мафија којашто е се само не политичари, затоа ова нема да биде лесна задачата, но сите кои се дел на партијата се апсолутно свесни за овој предизвик. Затоа граѓаните имаат очекувања само од ВМРО-ДПМНЕ . Тие се дел од ДНК -та на македонецот, македонските граѓани имаат очекувања само од ВМРО, и затоа секогаш било и ќе биде предмет на напад. Секој сака да го разниша главниот и носечки столб на македонската држава. Главаната задача е да ја задржат оваа структура чиста и да се одбранат од политичките хиени.

Опозицијата во оваа држава е посилна од власта и власта не треба да се плаши од одмзада, туку треба да се плаши од правда, којашто порано или подоцна ќе дојде.

Јанушев се повлече од приватни причини. Мандатот на претседателката на Унијата на жени е исечен Конкурсот за тоа место е во тек и сите апликанти ќе имаат можност да се претстават пред раководството на партијата“, кажа Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.09.2020 - 21:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега