Мицкоски: Хушкачите и инсталациите на власта кои ја напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ имаат за цел да ја намалат разликата со СДСМ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостување во емисијата Јади бурек што се емитува на телевизија Сонце кажа дека постојат обиди за рушење на популарноста на партијата.

Суштината е дека ние како опозиција правиме се за да дојдеме до предвремени парламентарни избори. Важно е да правиме се што можеме, рече Мицкоски.

За ова треба да дојдеме до 61 пратеник и ќе работиме да дојдеме до тоа.

„Има инсталации кои сакаат да ја продолжат кариерата на овие неспособниве и да се радикализира ситуацијата. Во 21 век во Европа ништо не може да се постигне радикално. Сакаме тоа да се случи побрзо посебно по историскиот резултат на локалните избори и анкетите кои се исклучително поволни и во кои сме два спрема еден во однос на СДСМ, но ние внимателно чекориме“, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ укажа дека има инсталации, хушкачи кои ја напаѓаат партијата со цел да ја намалат разликата со СДСМ.

„Тие не омаловажуваат, навредуваат и се сојузници со власта за да ја намалат разликата со ВМРО-ДПМНЕ по можност едноцифрен број на пратеници па сите од една страна, ВМРО-ДПМНЕ од друга и да си направат влада, но разликата секој ден се зголемува и нив ги очекува дебакл“, вели Мицкоски.

20.10.2022 - 22:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега