Мицкоски и Ахмети се договориле: Предвремени избори идната година

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се договориле идната година да се организираат предвремени парламентарни избори. Информацијата вчера доцна вечерта во писмено соопштение ја потврди опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Нивното соопштение дојде како реакција на изјава на Артан Груби во дебатна емисија кој рече дека Мицкоски прифатил последните 100 дена од мандатот на оваа Влада, кабинетот да го води етнички Албанец.
ВМРО-ДПМНЕ воопшто не ја коментираше оваа информација само откри дека Мицкоски и Ахмети се договориле за предвремени избори.

„ Добро би било Артан Груби да излезе и да каже дека ДУИ прифати предвремени парламентарни избори следната година.
За разлика од СДСМ/ДУИ, ние нема да навлегуваме во стапицата на националистички тези и романтизми кои ги користат за да го покријат криминалот кој се одвива во позадина. 
Имајќи го предвид скромниот капацитет на Артан Груби и неговата политика на сеење омраза, поделби и национализам не очекуваме поинаков пристап од веќе видениот на рекла казала политики.“ – велат во ВМРО-ДПМНЕ.

„Договорот меѓу ДУИ и СДСМ е да има премиер Албанец 100 дена пред избори. Тоа е разговарано со Заев и Ахмети. Интересно е дека и Заев предвидел дека последните 100 денови на Владата ќе ги води премиер Албанец. За тоа е согласен и Димитар Ковачевски верувам. Е сега, да кажам дека и ВМРО-ДПМНЕ се согласни да има премиер Албанец. Тоа е разговарано меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Се мисли на последните 100 дена на оваа Влада. Лично за ова разговарале Ахмети и Мицкоски“, порача Груби во интервју за ТВ21

 

14.12.2021 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега