Мицкоски: Идната Влада ќе посвети поголемо внимание на помалите бизниси тие ја движат економијата

Малите претпријатија се оние претпријатија што во држави во доменот на нашата Македонија практично го зголемуваат производството и ја зголемуваат економијата. Денеска сме во Штип, имавме можност да видиме еден семеен бизнис, еден производен погон кој што навистина успешно работи. И таквите семејни бизнис приказни ги подржувам и во иднина треба идната Влада која што нормално нема да биде оваа која што е сегашната, да посвети поголемо внимание и поголем фокус на таквите успешни семејни приказни посебно во бизнисот и да ги подржува многу повеќе од тоа што денеска го прави, изјави денеска од Штип лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Денеска сме во Штип, имавме можност да видиме еден семеен бизнис, еден производен погон кој што навистина успешно работи. И таквите семејни бизнис приказни ги подржувам и во иднина треба идната Влада која што нормално нема да биде оваа која што е сегашната, да посвети поголемо внимание и поголем фокус на таквите успешни семејни приказни посебно во бизнисот и да ги подржува многу повеќе од тоа што денеска го прави. За тоа што малите претпријатија се оние претпријатија што во држави во доменот на нашата Македонија практично го зголемуваат производството и ја зголемуваат економијата. Имав можност да видам еден мој поранешен студент, но и еден студент тука од електро факултетот на Универзитетот во Штип, гледам дека како млади инженери веќе го достигаат својот зенит, својата зрелост, работат во тој производен погон, јас им честитам и нормално им посакувам само да го зголемат што е можно повеќе тој бизнис, изјави Мицкоски.

Мицкоски рече дека во Собранието ќе бараат текстилните работници да бидат вклучени и во шестиот пакет на мерки.

-Она кое што понатаму во текот на денот имавме можност да го слушнеме е токму од невладината организација, овдека „Гласен текстилец“ со проблемите со кои што се соочуваат текстилните работници и работнички, нормално и до крајот на 2020-тата година 31 декември повеќе од 7.000 текстилни работници останале без егзистенција, останале без своето работно место. Сето она кое што претставува предизвик во работењето можевме детално да го слушнеме и ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе бидеме гласни во Парламентот и во овој следен шести пакет помош мерки кои што треба да бидат исплатени ќе бараме и ќе инсистираме да барањата на текстилните работници посебно бидат вклучени во тој шести пакет. И очекуваме од страната на Владата да не биде лицемерна едно да ветува пред избори, а друго да прави после избори, да го подржи предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и да бидат и текстилните работници и работнички дел од шестиот пакет мерки кој што ни е неопходен, посочи Мицкоски.

Продолжуваме понатаму, ќе имаме состаноци овдека во Штип со здравствените работници, со образовните работници, и неколку партиски состаноци. И така што денеска еве во Штип ќе имаме можност од прва рака да ги слушнеме проблемите на граѓаните кои што ги живеат во денешното секојдневие, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2021 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега