Мицкоски: Има недостаток на противпожарна опрема, зошто бизнисот и полнењето џебови и е приоритет на власта

 

Ако се прашувате зошто има недостаток на противпожарна опрема, зошто бизнисот и полнењето џебови и е приоритет на власта, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски.

„Вчера гореше над Галичник, опремата за гаснење пожар од 20 век во земја кандидат за Европска Унија во 21 век. Благодарение на жртвата на пожарникарите и армиските волци, пожарот е ставен под контрола

„Во меѓувреме Петре Шилегов набави противпожарна автомеханичка скала вредна нешто повеќе од 1,7 милиони €. Носител на набавката е Унгарска компанија…, да да компанија со седиште во Будимпешта. Истата таа држава и град кои жестоко СДСМ ги анатемиса изминативе речиси три години, но бизнисот мора да врви. Додека пак врви бизнисот, а шумите горат, како партнер на Унгарската компанија се јавува истата компанија каде е косопственик зетот на секретарот на град Скопје. Чудно но вистинито, компанијата каде е косопственик зетот на најблискиот соработник на Петре Шилегов склучува договор со носителот на набавка во вредност од 33.244.500 денари или околу 540.000€. А да…, сигурно штабски без основа ќе демантира град Скопје дека во периодот од 2012 и 2017 истата компанија добила тендери во времето на ВМРО-ДПМНЕ, нешто помалку од 150.000€, (иако не во тоа време, туку денес, снаата е секретар на градот, а компанијата ќе демантира дека има странски капитал од 2017 година и не бил зетот на најблискиот соработник на Петре Шилегов единствен сопственик, но во деновите што следат ќе откриваме се повеќе сомнежи за сторен криминал на Петре Шилегов и ќе гледаме штабско препелкање во обид да се одбранат…, но крајот се ближи, а со крајот и одговорноста следи.

Ако се прашувате зошто има недостаток на противпожарна опрема, зошто бизнисот и полнењето џебови и е приоритет на власта.“ напиша Мицкоски.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.05.2021 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега