Мицкоски: Имотот не е ВМРО, туку народот, ваквата политичка одлука на судството на СДСМ и ДУИ нема да не поколеба во нашата борба

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски, во однос на денешната судска одлука за предметот „Талир 2“, кажа дека обвинителството е партизирано и решило да го суди ВМРО-ДПМНЕ, но всушност му штети на македонскиот народ.
После изјавата по средбата со комесатот за проширување на Европската унија, Оливер Вархеј во Охрид одговарајќи на новинарски прашања, Мицкоски истакна дека во овие триесет години независниста на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ поминало низ многу премрежија, така ќе го помине и ова, бидејќи имотот, за кој се побара конфискација, не е ВМРО туку народот е ВМРО и ова партизираното и октроирано судство и обвинителство на СДСМ и ДУИ не го суди ВМРО-ДПМНЕ, туку Македонија и македонскиот народ.
 
„ВМРО-ДПМНЕ поминало многу премрежја во овие 30 години, ВМРО поминало многу премрежја во овие децении, така и ова ќе го поминеме. Имотот не е ВМРО-ДПМНЕ, имотот не е ВМРО, народот е ВМРО. Уште една се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ е единствената пречка за разнебитување на македонскиот идентитет и македонската држава од овие, би рекол, октроирани партизирани судии и обвинители на СДСМ и ДУИ. Ние ќе продолжиме да ја бараме правдата, ќе се бориме, нема да се повлечеме. Ако некој мисли дека ВМРО-ДПМНЕ оваа пресуда ќе го обесхрабри, се лаже. Ова само дополнително ќе не мотивира да дојдеме до правдата и нашата борба да ја ослободиме Македонија од овие криминални политичари, да го ослободиме обвинителството и судството од закани, притисоци и од стегите, ќе продолжи. Ќе повторам уште еднаш, ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО не е имотот, ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО е народот на Македонија и самата Македонија. Продолжуваме да се бориме се додека конечно не ја добиеме правдата“, кажа Мицкоски.

 

08.06.2022 - 16:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега