Мицкоски: Институциите да ја проверат даночната пријава на Шилегов

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски  при учеството на обуката организирана од Кондар Аденауер, а во врска со поттикнување на демократија на локално ниво запрашан за тоа дека како партија изнесувате информации за имотната состојба на Шилегов, но кое е решението, истакна дека решението е институционализација на проблемот, гледаме дека имаме енормно зголемување на богатството на скопскиот градоначалник, добро е да се провери неговата даночна пријава од страна на институциите

-Решението е институционализација на проблемот, гледаме дека имаме енормно зголемување на богатството на скопскиот градоначалник, добро е да се провери неговата даночна пријава од страна на институциите, посочи Мицкоски.

Тој додаде дека во земјава има Финансиска полиција, Управа за јавни приходи, имаме Антикорупциска комисија, кои треба да ги проверат имотните листови на господинот Шилегов, и да ги проверат неговите даночни пријави, многу лесно еден плус еден ќе дојдеме до два и ќе дојдеме до одговорот на оваа дилема што деновиве скопјани се погласно ја зборуваат, рече Мицкоски.

01.09.2021 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега