Мицкоски: Искачувањето на Водно ми е ритуал, така ја празнам негативната енергија
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за „Скопје инфо“, одговорајќи на новинарско прашање го откри својот дневен ритуал, а тоа е искачување на Водно. Мицкоски вели дека кога го правел тоа, ја чистел негативната енергија.
„Мора да се постигне сè, и тоа е дел на организација на самите себе си. Не пропуштам да отидам на предавања на факултет, каде морам да признаам навистина се чуствувам релаксирано кога сум со моите студенти и имам можност да пренесувам знаења. Искачувањата на Водно се дел од мојот ритуал, кога времето тоа го дозволува, затоа што на извесен начин тоа го доживувам како празнење на негативната енергија. Тоа е одличен начин човек да биде сам со своите мисли. Но, тоа се дневните ритуали. Она што е важно за мене во мојата работа е да влијаеме на менување на моралните норми во нашето општество. Мора да ја менуваме сликата за политичарите, за менаџирањето на институциите. Да демонстираме одговорност кон ветеното и да покажеме дека можело и мора поинаку. Поинаку во обраованието, во економијата, во претпимништвото, во земјоделието. Мора да покажеме со личен пример дека сме подготовени да водиме, и дека тивкото мнозинство овој пат нема да се повлече. Предолго добрите луѓе се тргаа на страна, поради лошите одлуки на одлучувачките фактори во нашето општеств. Фотелјата не е нешто наследно, и тука не смее да се губи образот. Мораме да покажеме дека заеднички можеме да поместуваме планини и се додека сме заедно едни покрај други и заедно се бориме ќе успееме“, истакна Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа