Мицкоски: Изборите се единствено решение

Изборите се единственото решение, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и овој свој став уште еднаш го повтори во последното интервју за „Нова Македонија“.

– Не сметам дека изборите се секогаш решение и дека секогаш треба да се бара излезот во избори, но тоа не е случај што кореспондира со актуелната состојба. Нема повеќе ниту една причина оваа влада, која, ќе споменам, беше делегитимирана на локалните избори, да продолжи да владее и да управува со државата. Не нуди ниту реформи во економијата, ниту, пак, може да донесе европска перспектива. А државата, со СДСМ на чело, влегува во нови неизвесности и предизвици што стојат на патот на Македонија. Затоа изборите се единственото решение. И ние бараме тие да се случат што поскоро уште оваа пролет. Секое продолжување на актуелното статус кво, без да има избори, ќе значи продлабочување на проблемите, објасни Мицкоски.

22.12.2021 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега