Мицкоски: Како идна влада со Платформа 1198 ќе ја обновиме државата и ќе ја преобликуваме иднината, за Македонија повторно да биде на народот
Визијата „Македонија повторно твоја“ е Македонија во која веруваш, и која ја сакаш и ја заслужуваш. Македонија на успеси, Македонија за која навиваш и со која се гордееш. Македонија на реформи, проекти, на работа, Македонија во која има ред, систем, поголеми плати и пензии, работа за сите, потенцираше во својот говор на митингот во Кавадарци претседателот Христијан Мицкоски.
Тој кажа дека на овие избори ВМРО-ДПМНЕ претставува светилник на надежта, и сека има сериозна, најдобра изборна програма досега, наречена „Платформа 1198“.
Во програмата има конкретни проекти што ќе ја обноват и ќе ја преобликуваат вашата иднина, но и кои ќе утврдат јасна траекторија за нашите граѓани. Од здравство до образование, од економија до земјоделство, од инфраструктура до вработувања, правда, еднаквост, закон и ред. Нашата „Платформа 1198“ е отисок на позитивна промена, која допира до суштината на твоето секојдневие и те става тебе на прво место. Тоа е нашата заклетва дека граѓаните на Македонија секогаш ќе бидат на прво место.
Иднината не е апстрактен концепт, таа е опиплива реалност која може да се обликува со твоите раце. Со оваа Платформа, промените во кои можеш да веруваш, се во твоите раце. Кај тебе е палката, која ти дава сила да ја направиш Македонија да биде повторно твоја, заклучи претседателот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа