Мицкоски-Казуја: Потребна е подобрена економска соработка за повеќе инвестиции на јапонските компании во Македонија

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска (29.06.2023) заедно со Стефан Андоновски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ и Викторија Трајков, соработник за меѓународни прашања остварија средба со новоименуваниот амбасадор на Јапонија, Н.Е. Оцука Казуја.

„Мицкоски на средбата ги поздрави квалитетните билатерални односи помеѓу Македонија и Јапонија две држави и истакна дека ваквата соработка треба да се преточи и во подобрена економска соработка која ќе донесе зголемен број инвестиции на јапонските компании во Македонија, особено во областите на дигитализацијата и високите технологии.

Во врска со пристапувањето на Македонија кон ЕУ како стратешка цел, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски потенцираше дека истото не смее да биде на сметка на македонските национални интереси.

Мицкоски го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека уставни промени нема да се случат во вакви околности и под бугарски диктат“, информираат од партијата.

 

29.06.2023 - 18:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега