Мицкоски: Ќе го заштитиме националното достоинство, додека постои ВМРО-ДПМНЕ ќе постојат Македонија, Гоце Делчев и македонскиот јазик

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Ресен каде што пред истакна дека после 15 јули,  ВМРО-ДПМНЕ најпрво ќе економски ќе ја обновиме Македонија, за нашите сограѓани да станат горди и богати, а потоа ќе следи обнова на Македонија во секој поглед.

Мицкоски потенцираше дека затоа како главна мерка е зголемување на просечната плата за најмалку 25% во еден мандат, односно повеќе од 6.000 денари, а потоа и зголемување на пензиите за најмалку 20% и враќање на тоа што СДСМ го укина, но и реновирање на фасадите на нашите сограѓани со што ќе се заштитиме животната средина бидејќи, тие заради тие кои сега  можеме, денеска Македонија соборува рекорди како најзагадена држава.

- Се обврзуваме на бесплатен  приклучок за гас за секој дом во еден 4 годишен мандат. Се обврзуваме на минимум 640 милиони евра поддршка за земјоделците во субвенции и редовен и навремен откуп. Да не се случува тоа што се случуваше тука да луѓето со пила ги сечат крошните на јаболкниците или необрано житото во Пелагонија, да немаме  незадоволни лозари, да не ни се случува праската и кајсијата да завршуваат во коритата на реките, доматите, краставиците пиперките од југоистокот да завршуваат необрани на нивите.  Затоа се обврзуваме на редовна исплата на минимум 640 милиони евра во еден мандат и планиран и загарантиран откуп за земјоделските производи, рече Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се обврза на минимум 4 милијарди евра домашни странски инвестиции во еден мандат, најмалку еден универзитет кој ќе биде во првите 1000 на Шангајската листа, а за претприемачите на рамен данок од 8% и политика за вработување на младите до 29 години работодавачот да не плаќа данок и минимум придонеси од 6 просечни плати.

- Се обврзуваме на заштита на националното достоинство и враќање на националната гордост. За Гоце Делчев не се преговара, нема историска комисија која ќе не натера да преговараме за великанот Гоце Делчев. Гоце е Македонија, се додека постои Македонија, Гоце Делчев ќе биде Македонец, а ќе ве потсетам дека Македонија е бесконечност и додека постои ВМРО-ДПМНЕ ние ќе ја штитиме и браниме Македонија и ќе ја одбраниме.  Секој оној кој што го негира правото на нашиот мајчин јазик треба да знае дека нема за милиметар да попуштиме од тоа што се избориле нашите предци, за тоа нема преговори, потенцираше Мицкоски

Тој исто така се обврза на реформи во праводуството и обвинителство за да не ни случуваат повеќе Луј витон обвиненија и обвнителства, „трас трас“ судски пресуди.

- Се обврзуваме на  силна економија, а  не онаа лажлива како што ја ветуваше СДСМ, сетете се на Фејсбук Гугл, на оној мистичен инвеститор кој ни го откриваа новинарите блиски до власта и велеа дека тоа е Фолксваген . На скалата на Транспарентност интернационал Македонија е на 106 место се обврзуваме дека во еден мандат Македонија ќе  биде во првата третина на скалата на транспарентност интернационал, правда без исклучок без разлика кој се огрешил пред законите, дали тоа бил ВМРО ДПМНЕ дали тоа бил СДСМ дали тоа бил  ДУИ дали Алијанса на Албанците или  некој  друг политички  определен  или неопределен  правдата мора да владее и мора секој да ги почитува законите и Уставот, рече Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вети дека онаму  каде што има и најмала индиција за сторен криминал правдата најпрвин ќе затропа кај тие кој  што го сториле тој криминал и да бидат  свесни сите оние кои што три години токсично се богатеа на маката на овој народ.

- Народот е  исправен нема веќе народ со свиткана кичма како што велеше Зоран Заев во 2008.  Сега е моментот на 15 јули сите заедно  масовно да излеземе горди достоинствени уште рано наутро и да ја поддржиме листата предводена од  маестро Дурловски да ја поддржиме победничката листа на Коалицијата „За обнова на Македонија да го заокружиме бројот 14 и да ја спасиме оваа наша Македонија напатена вековна потоа да ги засукаме ракавите и истата оваа да ја обновиме, нагласи Мицкоски

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2020 - 22:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега