Мицкоски: Ќе се сретнам со Ковачевски ако ме покани - да излезе на избори за да добие легитимитет од народот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека доколку добие покана би се сретнал со мандатарот и нов претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.

-Еве однапред ќе ви кажам, мојата порака до него и совет е, прво како колега, бидејќи како што имам информација и тој предава на еден приватните Универзитети во Скопје. Да излезе на избори и да добие кредибилитет и легитимитет од народот бидејќи народната волја е она коешто во политиката дава или зема, а не Зоран Заев или Стево Пендаровски, рече Мицкоски.

Вели дека доколку не биде повикан на средба би му порачал на Ковачевски да излезе на предвремени парламентарни избори.

-Доколку неговата политика добие поддршка јас ќе бидам првиот којшто нему ќе му честита и ќе му посака успешен мандат. Во спротивно ќе треба да ја напушти таа позиција и да остави луѓе коишто се кадарни да ги решаваат проблемите на граѓаните, да ги решаваат, рече Мицкоски.

Инаку Ковачевски во вчерашното гостување во „Тема на денот“ на Сител рече дека договорил средба со Мицкоски откако ќе биде формирана Владата.

-Со господинот Мицкоски се слушнавме на денот кога бев избран за претседател на партијата и потоа се договоривме откако ќе бидат завршени процедурите кај нас во партијата и откако ќе заврши процесот на избор на новата Влада да се видиме и да поразговараме за важните прашања во државата, рече Ковачевски

29.12.2021 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега