Мицкоски: Кога Заев ќе каже дека ЕУ ќе ја донесе во државата, народот точно знае дека не ја говори вистината

На денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во општина Бутел, лидерот на партијата, Христијан Мицкоски го обвини Зоран Заев дека пет години ветува влез во Европската Унија.

– И кога Заев ќе каже дека Европска Унија ќе ја донесе во државата, народот точно знае дека не ја говори вистината затоа што ова го кажува пет години по ред и ЕУ е се подалеку од земјава, изјави Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека ЕУ не сака да седи на иста маса со Заев, поради  неговиот криминал, афери и скандали.

08.10.2021 - 20:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега