Мицкоски: Колку побргу Заев смени професија – толку подобро за граѓаните на Македонија

Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски вечерва преку социјалната мрежа Фејсбук порача дека колку побргу премиерот Зоран Заев ја промени професијата, толку подобро ќе биде за граѓаните на Македонија.

-Тешко на народот и на државата кога Зоран Заев држи лекции. Од неговите економски лекции Македонија влезе во рецесија, а од историските лекции цела држава се држи за глава. Во светот ни се смеат и нѐ жалат за неговиот "рајхТ" и "администрација". Сега време е Заев да научи една лекција: Колку побргу смени професија, толку подобро за граѓаните на Македонија. Неговите лекции се страдање за народот, едноставно цената на неговите лекции ги плаќаме прескапо, напиша Мицкоски.

Според него, време Заев да добие лекција од народот.

Тешко на народот и на државата кога Zoran Zaev држи лекции. Од неговите економски лекции Македонија влезе во рецесија, а...

Posted by Hristijan Mickoski on Monday, 7 December 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.12.2020 - 21:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега