Мицкоски: Колку повеќе ќе се произведува, толку електричната енергија ќе биде со пониска цена

Имаме јасна методологија како да го зголемиме производството на струја кое сега е некаде на 60% од тоа што беше во 2017 година, нашата методологија е модернизација и инвестирање во еколошки филтри и десулфуризација во двете најголеми производни постојки тоа е РЕК Битола и РЕК Осломеј и продолжување на нивниот животен век до 2040 година, рече Мицкоски вчеравечер на трибината за пормоција на нови политики од концептот „Македонија за сите луѓе“.

Тој посочи дека она кое го ветува ВМРО-ДПМНЕ и се обврзува да го оствари е спротивно на она коешто го ветува СДСМ и Зоран Заев во делот на енергетиката, како и дека со тоа граѓаните ќе плаќаат помалку.

-Впрочем колку повеќе ќе се произведува, толку електричната енергија ќе биде со пониска цена и на тој начин со таа методологија, модернизација и инвестирање во еколошки филтри, успешно ќе се справиме со предизвиците и ќе добиеме поевтина електрична енергија за домаќинствата, истакна Мицкоски вчеравечер на промоцијата на нови политики.

Мицкоски посочи дека првата политика која е дел од концептот Македонија за сите луѓе е поевтина електрична енергија која ќе се обезбеди со новата методологија, како и сериозни инвестициски циклуси за поевтина електрична енергија за сите домаќинства.

15.07.2021 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега