Мицкоски: Компаниите од Македонија плаќаат најскапа струја во споредба со регионот
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кажа дека компаниите во Македонија плаќаат најскапа струја споредено со колегите во регионот.
„Владата често пати изминатиот период ја слушаме како вели дека повеќе од 72.000 компании добивале повластена цена на струјата. Излегоа податоците од ДЗС, излегоа податоците од ЕУРОСТАТ за правата половина од 2022 година, и од тоа можеме да заклучиме дека македонската индустрија, македонското стопанство, македонските компании плаќаат убедливо најскапа струја споредено со нивните колеги во регионот и 8ми се по скалата по највисока цена во Европа“, вели Мицкоски.
„Значи од 40 држави колку што се на таа ранг листа на ЕУРОСТАТ, македонските компании се 8ми според висината на цената која што ја плаќаат за струјата. Сега дали ние како економија и дали тие како компании можат тоа да го издржат? Јас ви велам не, и затоа голем дел од нив ќе банкротираат, ќе го затворат својот бизнис, многу работници ќе останат без работа, тоа нивните семејства ќе ги втурне во неизвесност. А кога еднаш ќе затворите таков бизнис верувајте многу тешко ќе го рестартирате, па дури и задутре да помине кризата, а нема да помине задутре кризата. Што значи дека е лага и невистина дека владата ги поддржува компаниите“, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски, објасни дека кога тој управувал со АД ЕЛЕКТАРНИ на Македонија, македонските компании плаќале четврта најевтина цена за струјата, или два ипол речиси пати помалку од тоа што го плаќаат 5 години потоа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа