Мицкоски: Македонија е жива и повеќе од тоа, народот врие (ВИДЕО)

Македонија е жива и повеќе од тоа, народот врие. Излезе народ на улица. Преку глава им е на луѓето од неправди, од мафија, од криминал, од неспособност, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и објави снимка од дрон од вчерашните протести за осудените за 27 април.

„Слобода за устовобранителите!

Ќе се бориме заедно за исправање на неправдите и одговорност без оглед за кого се работи.

Честитки за сите кои присуствуваа, но и за оние кои со своите срца се за истите цели.

Да живее Македонија!“ напиша Мицкоски.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.04.2021 - 08:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега