Мицкоски: Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците и е дел од светското културно богатство

Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците и е дел од светското културно богатство како доказ за нашето постоење и идентитет, пишува на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Сите негации на оваа апсолутна вистина се последица на тоа што власта во Македонија лесно тргува со најскапите работи на нашата земја. Заев треба да престане да пишува реакции и дава изјави, туку да понесе одговорност за тоа што тој ја внесе Македонија во ваква лоша позиција и отвори врата за вакви теми и прашања. Проблемот е во сигналите дека во Македонија има влада и премиер кој е меко ткиво за вакви негаторски теми и аспирации. Но, вистината е дека од 1990-та до денес немало вакви експлицитни јавни директни негаторски, уценувачки и навредливи ставови кон Македонија, вели во својот статус Мицкоски.

-Воедно би запрашал што добро донесе за земјава виткањето на кичма за ваквите теми и прашања. Виде ли некој бенефит од тоа, освен ако не го земеме во предвид бројчаникот на најбогатото политичко семејство на Балканот, прашува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.12.2019 - 16:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега