Мицкоски: Mногу почесно е Заев и Филипче да си дадат оставка, отколку нивната неспособност да се плаќа со животите на недолжни граѓани

Опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски вечерва истакна дека работите во борбата против коронавирусот мора да се променат бидејќи Македонија губи премногу животи од заразата.

-Сочувство до семејствата кои загубија свој близок поради #COVID заразата. Едноставно бројката е преголема и таа говори дека Македонија губи премногу животи и дека работите мора да се променат.  Убеден сум дека ако Министерството за здравство и Владата се реорганизираа и детално подготвеа за есенсиот ковид бран, ќе беа спасени повеќе животи. Ова што го прави или не го прави Владата не е доволно. Се губат животи. Евидентно е дека државата и Владата не можат да одговорат на сложената пандемија. И многу почесно е да си дадат оставка, отколку нивната неспособност да се плаќа со животите на недолжните граѓани, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Сочувство до семејствата кои загубија свој близок поради #COVID заразата. Едноставно бројката е преголема и таа говори...

Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, 10 November 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.11.2020 - 22:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега