Мицкоски: Многумина ни велат ајде што чекате турнете ги овие, да одиме на избори

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на „ТВ Алсат“, изјави дека многумина од граѓаните им велеле, ајде што чекајте, турнете ги овие, да одиме на избори и да направиме влада.

„Кога велиме предвремени избори сега и веднаш јас сум апсолутно свесен дека тоа сега и веднаш не значи дека денеска или утре ќе имаме предвремени избори, парламентарни избори. Но мораме да почнеме да размислуваме за тоа,  затоа што состојбата во државава не е добра. Кога велам не е добра тука пред се мислам на граѓаните кои што во огромно мнозинство на сите мерења на јавното мислење би рекол 2/3 мнозинство велат дека државата се движи во погрешен правец, а се движи во погрешен правец затоа што владата не ја бива и вели владата мора да си замине…многумина ни велат ви дадовме поддршка, ајде што чекате турнете ги овие, да одиме на избори и да направиме влада“, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

28.01.2022 - 22:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа