Мицкоски: На компаниите и државата во овие кризни времиња и се потребни пари

На компаниите и државата во овие кризни времиња и се потребни пари, затоа задолжувањето на Владата иако непопуларна, но е единствена опција во овој момент за да му се помогне на стопанството, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Нема да пишуваме писма до кредитобарателите за откажување на задолжувањето како што тоа го правеше СДСМ кога беше опозиција, туку ќе ја поддржиме владата во намерата да обезбеди финансиски средства за сервисирање на потребите на фирмите во периодот на кризата.

Заменик техничка министерка за финансии од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска го потпиша барањето за заем од ММФ во висина од 87 милиони евра, Светска Банка од 100 до 120 милиони евра, и од странските банки до 400 милиони евра.

Многу поважно во овој момент се мерките кои ќе се воведат за да овие пари правилно се искористат и се помогне на компаниите. Уште еднаш ја повикувам владата да донесе мерка со која државата ќе покрие 50% од трошоците за вработените, плати и придонеси. Да се замрзнат плаќањата на рати кон банките и заемодавателите бидејќи тоа е добро и за банките, но и да се излезе со детална програма на Владата и функционерите на власт за финансиско кратење на нивните привилегии и непродуктивни трошења.

Да се однесуваме одговорно затоа што така се сака Македонија!“ вели Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.03.2020 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега