Мицкоски на средба со граѓани од Сачево: Проблемите се таложат, а нема решенија

По средбите со граѓани во Сачево, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски напиша:

„Остварив средба со луѓето од Сачево и со Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица. Истите грижи и проблеми. Струмица не оди напред. Струмица и струмичко ги живеат најтешките времиња. Проблемите се таложат, а нема решенија. Изборот e помеѓу обновата за која се бориме, и криминалот и неправдите кои ги донесе власта, помеѓу ислрената и чесна мисла за Македонија, и арамилукот во кој се гуши нашата земја. Ова е борба за иднината и за Македонија каква ја сакаме и заслужуваме“, напиша Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.10.2019 - 22:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега