Мицкоски најави ново мнозинство меѓу двата изборни круга
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во Ѓорче Петров порача дека неговата партија ќе победи на претстојните локални избори.
-Ако ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата победат на 17 октомври, ново парламентарно мнозинство и нова влада ќе има меѓу двата круга, односно веќе во периодот меѓу 17 и 31 октомври – рече Мицкоски.
На настанот е промовиран Александар Стојкоски за кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров, а присуствува и кандидатот за прв човек на Скопје Даниела Арсовска.
03.09.2021 - 21:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа