Мицкоски: Народот е незадоволен од реалноста

„Граѓаните сакаат да видат едноставно надеж, сакаат да видат план за како понатаму. А, не да се враќаме назад. Така што чувствувам и онаа енергија што ја чувствувам на терен е многу подобра од  енергијата која што беше пред првиот круг и ценам дека ВМРО-ДПМНЕ и после вториот круг ќе биде апсолутен победник“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски при гостување во емисија на ТВ Шења.

Мицкоски додаде дека во првиот круг граѓаните одлучија да го дадат својот глас спротивно на владиниот кандидат во многу општини во Македонија, такви се од поголемите Охрид, Битола, Гевгелија, Радовиш, тоа се општини во кои што во првиот круг ВМРО-ДПМНЕ убедливо водеше. Мицкоски посочи дека не гледа дека ќе дојде до пресврт во вториот круг бидејќи граѓаните бараат промени, бараат подобар живот бидејќи сега моментално со Заев на власт се живее многу лошо.

„Не видов дека наеднаш со СДСМ рипна стандардот, наеднаш овие од власта не се повеќе корумпирани, не знам направија некоја реформа која што би направила таков „game change“ како што кажуваат тие. Тоа се обични трикови кои што претпоставувам тимот кој што е задолжен за односи со јавност во СДСМ ги кажува на Зоран Заев, сега ќе излезеш и ќе кажеш тоа е тоа и тоа да биде тема деновиве и ние да зборуваме за тоа“, појасни Мицкоски.

Мицкоски рече дека суштината е дека народот живее лошо, народот е незадоволен од реалноста. И оваа поддршка која што ВМРО-ДПМНЕ ја доби на овие избори е навистина реткост од опозиција да добиете  таква поддршка. А, тоа  значи дека народот има веќе од вас големи очекувања.

27.10.2021 - 21:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега